Состојки:
- кора од лубеница околу 600гр
- шеќер 1200 гр
- лимон 1
- 1 кесичка ванилин шеќер
Како да се подготви:
Исчистете ја кората и исечете на половина.
Истурете вода во еден сад и оставете да зоврие, додајте ги парчињата во врела вода и оставете неколку минути. Потоа исцедете ги парчињата, истурете нова топла вода и повторно ставете ги парчињата во неа, а потоа оставете повторно да зоврие. Повторете ја постапката 5-6 пати.
Кога парчињата ќе се сварат, процедете ги и истурете 3-4 пати ладна вода. Оставете во последната вода да отстои неколку часа, по можност 24 часа, а потоа процедете ги.
Додадете во сад килограм и 200 гр шеќер (може да биде повеќе или помалку по вкус) со повеќе од половина чаша вода додека не добиете слатка густина. Додадете ги парчињата кора од лубеница и варете 15 минути. На крајот, исечете неколку парчиња лимон и додадете го, исцедете го остатокот од сокот од лимон во слаткото и додадете ванилин шеќер, варете уште 2-3 минути и тргнете го од оган.
Отстранете ја пената и покријте ја со влажна крпа. Кога ќе се излади, истурете во тегли.
Добар апетит!