Слободно нека ве одбијат. Нека ви кажат дека не сте доволно добри за нив. Дека не сте квалификувани, доволни талентирани, доволно гламурозни за нив.
Слободно нека ве понижат. Нека ви кажат дека не вредите.
Слободно.
Но, драги мои, запомнете – токму тие тешки зборови ќе ве исчеличат.
Токму тие ќе ве направат посилни.
Оти, вредници мои, никој не ја гледа визијата во вашиот ум.
Никој од нас не знаеме што можете, што умеете, што ќе научите.
Само вие.
Единствено нешто што треба да направите е да не се откажете.
Само тоа не.
Карванот си врви, кучињата лаат.
Автор: Марија Лозаноска