СОСТОЈКИ:
800 грама мешано мелено месо
1 голема главица кромид
60 грама путер
250 мл. црвено вино
150 мл. слатка павлака
1 китка магдонос
Сол и црн бибер
Брашно за валкање
ПОДГОТОВКА:
Кромидот исечкајте го ситно и ставете го да се испржи . Додајте го пржениот кромид во меленото месо, зачинете по вкус и со намастена рака формирајте мали топчиња, па убаво извалкајте ги во брашно.
Ставете ги ќофтињата да се пржат врз растопениот путер. Ако прскаат маснотии додека се печат покријте ги со капакот.
Кога ќе бидат готови, извадете ги во чинија. Во путерот во кој се пржеа додајте го виното да се загрее, па потоа и слатката павлака. Оставете малку да вари, па зачинете со сол и бибер, додајте го сечканиот магдонос.
На крајот прелијате ги ќофтињата со сосот од вино.
На здравје!