КОФТИЊА ОД ТИКВИЧКИ И КОМПИРИ

Пролетен рецепт кој ќе им се допадне на целото семејство.

Потребни состојки:

750 гр тиквички

250 гр компири

100 гр сирење

1 чаша брашно

1 1/2 чаша масло

3 јајца

1/2 китка копар

сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

Компирите се мијат и варат, се лупат и се рендаат на ренде. Додадете ги изренданите тиквички (исцедени), 1 цело јајце и жолчките од останатите 2 јајца, ситно сецкан копар, рендано сирење, сол и црн бибер.

Смесата се меси и од неа се формираат ќофтиња. Превртете ги во брашното, а потоа во изматените белки од двете јајца. Пржете на врело масло.

Послужете со соодветна салата, свежи кромидчиња и јогурт.

На здравје!