Потребно ви е:
- 3 јајца,
- 200 гр ориз,
- 50 гр суво грозје,
- коцка путер,
- шеќер по желба,
- малку цимет,
- кора од лимон,
- 200 мл млеко,
- 100 мл вода.
Подготовка:
Оризот добро измијте го и сварете го. Додадете 2 чаши млеко и чаша вода во 200 гр чаша ориз. Значи 3: 1 течност (вода или млеко).
Во сварениот ориз додадете суво грозје, кора од лимон, шеќер по желба, малку цимет. Изматете ги јајцата, додадете малку шеќер и полека додавајте во изладениот ориз. Полека мешајте.
Подмачкајте плех со дијаметар од 22 см со путер и посипете го со брашно. Протресете го оризот во тава и израмнете. Печете на 200 степени околу 50 минути. Исечете разладено.
На здравје!