КОЈА Е ПРВАТА МИСЛА НА МАЖОТ КОГА ЖЕНАТА ПЛАЧЕ?

Во денешно време не е баш „модерно“ да ги покажуваме нашите емоции, а жените стануваат се понезависни и понедостапни. Но, во одреден момент покажуваат „слабост“ и ги покажуваат своите емоции, кои доколку се кријат предолго веројатно се придружени со плачење и остри реакции.

Секоја жена го прифаќа плачењето пред маж на различен начин – некои мислат дека покажувањето на вистински емоции е најдобрата опција и не бегаат од плачење при најмал проблем. Други го сметаат за знак на слабост, а трети за губење на контролата. Сепак, факт е дека секој од нас плаче, а тоа барем еднаш се случило во присуство на маж. Но, да видиме како мажите го разбираат и прифаќаат женскиот плач во нивно присуство. Што е првото нешто што им паѓа на памет на мажите кога ќе видат расплакана жена?

Мислење на мажите – Ако е за време на расправија – на тој начин таа манипулира со мене и знае дека не можам да и се налутам. На тој начин, таа излегува невина секој пат;

– Ако плаче за нешто, таа е премногу хистерична и се оддалечувам од неа;

– Не сакам да знам дека јас сум причината за нејзиното плачење – се чувствувам како страшно чудовиште;

– Кога ја гледам како плаче, моментално ми се расипува расположението. Се обидувам да и го подигнам расположението и да ја направам повторно да се чувствува среќна ако тоа е можно. Инаку, само ја оставам да плаче, а потоа и го одвлекувам вниманието со некоја наша омилена активност;

– Воопшто не ми влијае што жената плаче – не може на ниту еден начин да ме допира и манипулира. И да не ја знам и да видам жена како плаче на улица, само ќе поминам. Тие плачат постојано и за сè;



– Понекогаш навистина не знам како да реагирам кога ќе видам вознемирена жена – ако е блиску до мене и ја познавам, ништо не кажувам, само ја гушкам и сакам да почувствува дека сум покрај неа;

– Порано бев во паника и не знаев како да реагирам, но сега само ѝ ја давам слободата што ѝ треба и ја оставам да плаче додека не биде подготвена да сподели со мене;

– Секогаш ме правеше да се чувствувам тажен и виновен, дури и да не бев јас причината. Не можам да поднесам да ги гледам солзите на жена ми и да не можам да направам ништо.