КОКОСОВИ МАФИНИ СО МАЛИНИ

Производи:
200 гр брашно
2 лажички прашок за пециво
150 гр шеќер
½ лажичка сол
25 гр кокос
100 мл масло
1 јајце
150 мл кокосово млеко
150 гр малини
Шеќер во прав за посипување


Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте го калапот за мафини. Покријте со хартија за печење.

Измешајте ги сувите состојки и просејте ги. Во посебен сад, изматете го јајцето со кокосовото млеко и маслото. Направете бунар во сувите состојки и внимателно истурете ги влажните. Мешајте со рака додека не се изедначат состојките. Потоа мешајте со миксер. Откако смесата е готова, додадете ги малините и измешајте многу внимателно со лажица за да не ги изгмечете. Ставете ја смесата во калапот за мафини. Посипете со кокос. Печете 25-30 минути. Кога се готови, посипете ги мафините со шеќер во прав.

На здравје!