Состојки:
2 лажици путер
150 гр шеќер
1 јајце
3 банани, излупени и исечени
8 лажици какао
60 гр печени лешници
175 гр брашно
1 лажичка прашок за пециво
1 лажичка сода бикарбона
2 лажици свежо млеко
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте правоаголен калап за торта и посипете со брашно.
Во сад со миксер измешајте ги путерот, шеќерот и јајцата. Мешајте додека не се изедначи меката смеса. Додадете ги бананите и мешајте повторно додека не се изедначи смесата. Додадете ги лешниците и какаото и промешајте повторно. Додадете го прашокот за пециво и содата заедно со брашното. Претходно можете да ги просеете заедно. Промешајте. На крај додадете го млекото и промешајте повторно.
По желба, можете да додадете парчиња чоколадо ако сакате. Ако додадете, измешајте го тестото, но со лажица за да останат цели парчињата. Истурете ја смесата во подготвениот калап за колач. Печете во загреана рерна до златно или околу 45-50 минути.