Производи:
250 гр. путер (омекнат)
1/2 лажиче шеќер во прав
1 лажиче есенција од ванила
2 филџани брашно
1 лажиче ситно мелени бадеми
прстофат сол
1/2 лажиче рендана кора од портокал
За валање на слатките:
1 лажиче шеќер во прав
3 пакетчиња ванилин шеќер
Подготовка:
Во сад изматете ги путерот, шеќерот и есенцијата од ванила додека не станат меки. Потоа постепено додавајте го брашното, солта и мелените бадеми. На крај, додадете ја кората од портокал. Од добиеното мазно тесто формирајте мали топчиња, и наредете ги во плех на растојание едни од други на хартија за печење. Колачите се печат во загреана рерна на 170 степени околу 13-15 минути или додека не станат златни. Почекајте неколку минути да се изладат и убаво превртете го секое топче во шеќерот во прав и ванилиниот шеќер.
На здравје!