КОЛКУ ЧЕКОРИ СЕ ПОТРЕБНИ ДНЕВНО ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА БОЛЕСТИ

Дневната прошетка од 21 минута може да го намали ризикот од срцеви заболувања за 30 отсто, нагласуваат истражувачите од Харвард. Исто така, постојат индикации дека пешачењето може да го намали ризикот од дијабетес, рак, да го намали крвниот притисок , нивото на холестерол и да ги зачува нашите ментални капацитети.

„Дневното пешачење е одлична форма на вежбање што го зајакнува срцето и ги намалува кардиоваскуларните настани и често е во корелација со други здрави навики“, вели д-р Тамана Синг, ко-директор на Центарот за спортска кардиологија на Клиниката во Кливленд.

И покрај фактот што обичното одење не може да се стави на исто ниво како кардио вежбите или трчањето, тоа е подеднакво добро за телото , па затоа се препорачува за луѓе од сите возрасти и речиси без оглед на здравствената состојба.

„Секој има корист од пешачењето. Луѓето кои имаат минимален кардиоваскуларен ризик можат на овој начин да го спречат развојот на болеста. На оние кои страдаат од посериозни состојби како висок крвен притисок, холестерол, дијабетес, дебелина, им се препорачува да пешачат како најдобар начин да ја контролираат нивната болест и да спречат мозочен или срцев удар“, вели Синг.

21 минута е магичен број

Приближно 21 минута може да биде магичниот број . Дури и пешачењето на кратки растојанија секој ден има свои предности. Спречува продолжено седење. Особено се препорачува за луѓе кои работат од дома. Долготрајното седење влијае на телото и е многу лошо, особено за луѓето кои не практикуваат никаков облик на вежбање.



Ако ни недостасува мотивација, секогаш е полесно во друштво, па затоа препорачуваме да се прошетате со пријателите. Почетните прошетки не треба да бидат придружени со брзо темпо. За време на прошетката можеме да го слушаме нашиот омилен подкаст, музика, аудио книга.

И само една минута брзо одење е добро

Ако не можете да ги балансирате сите дневни обврски со 21-минутна прошетка, и тоа е во ред . Обидете се со пократки временски интервали.КОЛКУ ЧЕКОРИ СЕ ПОТРЕБНИ ДА СЕ ПРЕЗЕМАТЕ ДНЕВНО ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА БОЛЕСТИ

Експертска препорака:

Идејата е дека на крајот од работниот ден, вашиот часовник или телефон ќе прикажува околу 10.000 чекори. Тоа е оптималниот број неопходен за виталноста и здравјето на целото тело. Секако повеќе се цени континуираното одење, како и брзото одење, но поентата е да се движите што повеќе.