ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 8 АВГУСТ

ОВЕН

Не верувајте во сите гласини кои кружат околу вас. Не се вистинити сите озборувања. Проверете ги сите информации што ќе ги добиете. Можеби ќе ја идеализирате личноста за која се грижите. Проблеми со низок притисок.

БИК

Најдобро би било да се обидете подобро да се концентрирате на вашата работа. Исходот на околностите во кои се наоѓате зависи од вас. Ве очекува интересна комуникација со една Риба. Избегнувајте алкохол.

БЛИЗНАЦИТЕ

Можете да се надевате на добар однос со соработниците. Пред вас е генерално поволен ден за ова поле. Ги криете своите чувства затоа што не сте подготвени сами да се соочите со нив. Би сакале масажа.

РАК

Ве очекува напорен ден и ви претстојат многу деловни промени, се соочувате со прилично нестабилни околности. Не сте подготвени за големи промени кога е во прашање полето на емоциите. Посетете стоматолог за преглед.

ЛАВ

Она што ве загрижува е што немате адекватни соработници околу вас кои би можеле да ви покажат поддршка на вистински начин во деловна смисла. Можно е да имате кочници на љубовно поле. Вашиот ‘рбет е чувствителен.

ДЕВИЦА

Се нервирате на работа. Имате впечаток дека нема да можете да постигнете се што сте зацртале. Емоциите ви се во негативна фаза. Не знаете ни како да му пријдете на партнерот. Внимавајте на внесот на витамини.

ВАГА

Може да промените некои одлуки што сте ги донеле во последен момент. Исходот од деловната ситуација ќе биде сосема неочекуван. Можете да се надевате на интересни случувања на љубовен план. Можни се проблеми со холестеролот.

СКОРПИЈА

Не сте задоволни од ситуацијата на полето на финансиите и ви треба многу време за да ги подобрите околностите. На емотивен план чувствувате одредена доза на нестабилност. Проверете го крвниот притисок во наредниот период.

СТРЕЛЕЦ

Под голем притисок сте и не можете да донесувате правилни одлуки на работа во моментов. Работете на вашето трпение. Партнерот е целосно посветен на вас и немате проблеми на љубовно поле. Вие сте среќни. Можна е главоболка.

ЈАРЕЦ

Ќе дадете се од себе за да постигнете позитивен развој на деловното поле. Подготвени сте да работите напорно. Ви се допаѓа личност која изгледа оригинална и различна од другите. Можни се помали проблеми со мочниот меур.

ВОДОЛИЈА

Обидете се да го послушате советот на постар колега кој ќе го знае вистинскиот начин да ве упати на работа. Ви претстојат промени на емотивно поле. Иако не очекувавте, можно е да се исклучите. Полни сте со енергија и сила!

РИБА

Доколку се занимавате со приватен бизнис, ќе имате можност да постигнете многу подобра ситуација на полето на заработка. На љубовно поле денеска ве очекуваат не премногу промени. Грижете се за вашиот чувствителен стомак.