КРЕМ СУПА СО БРОКУЛА И ЦЕЛЕР

Време на подготовка: 45 мин.
Порции: 4

Потребни состојки:

2 лажици путер + уште 3 лажици
1 кромид, сецкан
1 парче целер, сецкан
1 пилешка коцка за супа
700 гр. брокула свежа или смрзната
3 лажици брашно
500 гр. млеко
Сол и бибер по вкус

Подготовка:



Се топат 2 лажици путер во длабок сад на средна топлина. Се додаваат кромидот и целерот и се пржат додека не омекнат. Потоа се додава брокулата и пилешката коцка. Покријте и оставете да врие 10 минути , повремено промешајте.

Во посебна мала тава или тенџере, загрејте ги преостанатите 3 лажици путер. Измешајте го брашното во него и додадете го млекото. Добро промешајте. Кога ќе почне да формира меурчиња, додадете го во супата. Зачинете со зачини и послужете.

На здравје!