КРЕМ СУПА СО СИРЕЊЕ

Состојки:

  • 75 гр путер
  • 2 лажици брашно тип 500
  • 3 филџани супа од зеленчук
  • 2 филџани вода
  • 4 лажици бело вино
  • 100 гр сирење
  • свеж магдонос
  • 2 прстофати мелен црн бибер
  • 1 лажица Хималајска сол
  • 1 кромид
  • 2 парчиња леб

Начин на подготовка:

Стопете половина од путерот и испржете го брашното. Потоа ставете ја супата, 2-те чаши вода и виното.

Гответе 10-15 минути. Додадете го исеченото сирење со постојано мешање.

Откако ќе зоврие, тргнете ја супата од оган, зачинете ја со ситно сецкан магдонос и црн бибер.

Исечете го кромидот на мали парчиња, а лебот на коцки. Испржете ги на преостанатото масло и послужете ги со супата.

На здравје!