СОСТОЈКИ:
• 250 гр бело брашно
• 1 кесичка прашок за пециво
• прстофат сол
• 1 јајце
• 100 гр шеќер
• 1 кесичка ванилин шеќер
• 200 мл јогурт
• 80 мл сончогледово масло
• 1 големо јаболко
• малку цимет (околу 1/3 лажичка)
• малку морско оревче
• малку ѓумбир во прав (по избор)
• грст захаросана кора од портокал
• 60 гр чоколадо за готвење
ЗА ЗАСТАКЛУВАЊЕ И УКРАСУВАЊЕ:
• сок од лимон
• шеќер во прав
• захаросана брусница
ПОДГОТОВКА:
Јаболкото излупете го и ситно изрендајте го (или исечкајте го на сецко) и оставете го на страна. Чоколадото исечкајте го на коцки и оставете го на страна. Во сад измешајте просеано брашно, прашок за пециво, сол и зачини. Во друг сад изматете го јајцето со вилушка, додадете шеќер и ванилин шеќер, па соединете. Потоа додадете го маслото, соединете ја смесата, па прелијте со јогуртот и сè убаво измешајте. После тоа, постепено додавајте го брашното од првиот сад и соединете ја смесата со вилушка/лажица. Потоа измешајте го ренданото јаболко и измешајте. На крај додадете го чоколадото исечено на коцки и парчиња
захаросани портокали. Калапот за куглоф убаво измаслете го и побрашнете, па во него сипете ја смесата. Печете во рерна загреана на 190˚C, додека чепкалката што ја користите за пробивање на колачот не излезе сува и колачот не добие убава руменила боја.
По потреба за време на печењето покријте го куглофот со алуминиумска фолија, за да не изгори. По 10 минути печење, можете да ја намалите температурата на 180˚C. Испечениот куглоф внимателно извадете го на чинија од калапот и оставете да се излади. Можете да го покриете со крпа за да не се исуши. За глазурата измешајте сок од лимон и шеќер во прав во саканиот сооднос. Направив малку потенка и покисела глазура, со помалку шеќер. Со него премачкајте го куглофот и украсете го со брусница.