Состојки:
10 гр. свеж квасец
200 мл. свежо млеко
1/2 лажиче шеќер
100 гр. маслинки
1/2 лажиче сол
1 лажиче оригано
300 гр. интегрално брашно
3 лажици маслиново масло
За одозгора на лепчињата:
2 лажици пармезан
2 лажици трошки од леб
прстофат сол
30 гр. путер
Подготовка:
Загрејте го млекото и растворете го шеќерот и квасецот во него. Во голем сад, просејте го брашното, истурете ја солта во него и направете дупка.
Додадете ги сецканите маслинки, ориганото, маслиновото масло и квасецот. Месете го тестото, оставете го во сад покриен со крпа или фолија. По еден час, измесете го тестото и поделете го на топчиња.
Ќе добиете 8-10 вкусни лепчиња според големината. Се редат во плех.
Измешајте го ренданиот пармезан, презла и растопениот путер. Со смесата премачкајте ги лепчињата.
Направете неколку засеци со остар нож, вклучете ја рерната на 180 степени.
Печете го лебот со маслинки околу 30 минути.
На здравје!