ЛЕСЕН ЛЕТЕН РУЧЕК ПОДГОТВЕН ЗА ПОМАЛКУ ОД 15 МИНУТИ

Состојки:

300 гр тестенини
200 гр замрзнат грашок
1 мало чешне лук
листови од нане
60 гр борови ореви
60 гр пармезан сирење
4 супени лажици маслиново масло
сол, бубер


Подготовка:

Гответе го замрзнатиот грашок во врела вода околу три минути, а потоа процедете. Во малтер изгмечете ги лукот, листовите нане, солта и биберот. Додадете борови ореви и грашок , па изгмечете сè додека текстурата не ви одговара. Измешајте го ренданиот пармезан и неколку лажици маслиново масло. Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Процедете го, но оставете половина шолја од водата за готвење во неа. Измешајте ги тестенините со пестото и малку од водата за готвење. Добро измешајте, префрлете ги во чинии и прелијте со уште малку маслиново масло .