ЉУБОВ МОЈА, ТИ БЛАГОДАРАМ!

Мој драг,

Толку убави работи си кажавме еден на друг сиве овие години, но никогаш нема да се изморам да кажувам „Те сакам!“ И никогаш нема да се изморам да го слушам!

Те сакам!

Можам смело и самоуверено да кажам, бидејќи токму со тебе ја познавав љубовта. Ги видов сите нејзини црти и понекогаш и да беше тешко, никогаш нема да ја заменам со нешто друго!

Ти благодарам што дојде во мојот живот, ти благодарам што остана и покрај се!

Ти благодариме што се избори за нас и никогаш, никогаш не се откажа!

Ти благодарам што си со мене и во добрите и во најтешките денови!

Ти благодарам што ме учиш нешто ново секој ден и ми помагаш да ги пребродам сите предизвици!

Среќата е уште поголема кај тебе, а многу е полесно да се помине низ тагата.



Љубов моја,

Нема да ти ветам дека животот ќе ни биде бајка, затоа што нема да биде! Нема ни да ти ветам ништо, но знај дека ќе направам се што е во моја моќ за да бидам вистински среќна! И знам дека ќе го направиш истото!

Ако се чувствуваш тажен и уморен од се, прегрни ме, ќе те стоплам со мојата љубов и ќе ти дадам мир!

Ако се чувствуваш весел и среќен, сподели ја твојата среќа со мене, дозволи ми да се смееме како луди и да го доживееме секој убав момент заедно!

Ако сакаш да врескаш, ќе викам со тебе, ако сакаш да ризикуваш и да пробаш нешто ново, ќе ризикувам со тебе, а ако ти треба само разбирање, ќе те разберам!

Сè уште ќе те сакам, искрено со целото мое срце, ќе ти простам, ќе те заштитам, ќе ти помогнам, ќе те поддржам… И знам дека и ти ќе го направиш истото.

Затоа што љубовта не е бајка, таа е реалност, бајковита реалност!

Те сакам!