МАСКА ОД ЈОГУРТ И МЕД ЗА ХИДРАТАЦИЈА НА ЛИЦЕТО

Ова маска се препорачува за сува и осетлива кожа особено во студените периоди каде што кожата е изложена на надворешните влијанија и и треба повеќе хидратација.
За оваа маска, треба да измешате 2 лажици јогурт и една лажица мед. Направете паста и нанесете ја на лицето и вратот. Оставете го да делува додека не се исуши, а потоа исплакнете.
Јогуртот ја задржува влагата додека медот ја омекнува кожата и ја хидрира – полека, но длабоко.