(ВИДЕО) СОЛЕНИ ДЕЛИКАТЕСИ ГОТОВИ ЗА 15 МИНУТИ!

Овие вкусни солени деликатеси се прават многу лесно и со само неколку состојки. За подготовка ќе ви требаат:

  • лиснато тесто
  • Црни и зелени маслинки
  • Виршли
  • Рендани моркови
  • Рендана шунка
  • Рендано сирење
  • Од овие состојки може да се направи многу интересно предјадење кое можете да го искористите за празнична трпеза или да направите вечера за семејството која сигурно ќе им се допадне. Освен што се убави за око, овие солени деликатеси се и многу вкусни.

Се пече на 200 степени 15 минути .

Подготовка:

Лиснатото тесто исечкајте го на тенки ленти, направете круг и внатре ставете две маслинки . Наредете 3 кругови вака по ред. Поврзете го тестото во средината со стапчиња и ќе добиете совршен цвет.

Доколку послужите вакво предјадење , сигурно ќе ги воодушевите сите присутни, а за тоа не ви треба многу време или труд. Во видеото погледнете како можете да направите уште подеднакво интересни солени деликатеси.