МАЖ ОД ДЕЛЧЕВО ЈА ТУЖИ СВАЌАТА- ТВРДИ ДЕКА ДОБИЛ ДИЈАБЕТЕС ОД НЕА

Маж на 57 години од Делчево ја тужи сваќата- мајката на неговата снаа, бидејќи освен што била многу убава и стројна и го вознемирувала со нејзината појава кога ќе дошла на гости, во последно време таа намерно му зборувала на чуден тон од кој мажот добил висок крвен притисок и од голем стрес дијабетес. Освен овие болештини што го зафатиле, мажот за нашата рубрика изјавува дека нешто многу чудно му се случува со машкоста кога ќе заспие, дека се буди испотен и поради тоа го фатила и голема настинка.

За нашата хумористична рубрика „Зошто пак да не“, сваќата изјави дека и таа не сакала да биде толку надарена, ама дека не може ништо против мајката природа и дека следен пат наместо да му зборува ќе му заржи на сватот за да го исплаши оти клин со клин се вадело. Случајот е пријавен и во МВР и очекуваме детали во текот на утрешниот ден.

Извор: Темите