МАЖИ, ПОЧИТУВАЈТЕ ЈА И НЕГУВАЈТЕ ЈА ЖЕНАТА КОЈА ГО НОСИ ВАШЕТО ДЕТЕ – ТАА Е ПОСЕБНА

Љубовта е најпрекрасното чувство. Таа може да надмине сè, да ни помогне да поминеме низ какви било тешкотии и да ни го направи животот поубав.

Но, што е најважно, љубовта создава живот.

Нема ништо подобро од тоа двајца луѓе кои се сакаат да имаат наследник.

Чувството дека вашата љубов започна сосема нов живот е бесценето.

И токму во такво време, драги мажи, кога вашата жена го носи вашето дете во утробата, бидете нежни, љубезни и внимателни кон неа.

Таа и требаш сега.

Можеби се чувствува несигурно, сè е ново и толку непознато за неа. Вие сте личноста која може да ја разбере, да ја слуша, да ја прегрне.

Кажи ѝ дека сè ќе биде во ред!

Кажи ѝ дека ќе биде прекрасна мајка, затоа што ќе биде!

Заедно создавате нов живот, заедно го зголемувате вашето семејство и повторно заедно треба да ги поминете сите тешкотии.

Бременоста е прекрасно време, но може да биде и многу тешко. Нерасположение, грижи, стрес – сето тоа влијае на идната мајка.

Еве ја вашата улога, драги мажи – поддржете ги вашите сопруги!

Сакајте ги, негувајте ги, почитувајте ги!

Го носат твоето дете и поминуваат низ се за да можеш конечно да го држиш своето дете!

Негувајте ги мајките – тие се посебни!