Сода бикарбона има толку многу намени што сигурни сме дека не знаете за некои од нив. Освен што е одлично средство за чистење за изгорени садови, може да се користи и за разубавување.
За да ги отстраните црните точки од носот, ќе ви требаат:
- сода бикарбона
- вода
- Четка за заби.
Еве што да правите:
Измешајте сода бикарбона со вода и користете четка за заби за да ја нанесете оваа „паста“ на вашиот нос. Оставете го да делува 10 минути, а потоа нежно избришете го со крпа.


