Слушаш ли ?
Ја слушаш ли музиката на оваа убава ноќ ?
Опива како чаша црвено вино .
Расткаените ноти се растураат во неа .
Го слушаш ли звукот ?
Звукот на тишината .
Во неа се сокриени најдлабоките тајни.
Магично зборува , зборува за вистината.
Зборува за среќата , за љубовта , за радоста.
Го слушаш ли мирниот бран на ноќта кој полека си оди и повторно доаѓа ?
Доаѓа се дур не остане засекогаш во твоето срце.
Автор: Анита Петрова