МРЗЕЛИВА ПАЛАЧИНКА ВО РЕРНА

Ако сакате брзо да направите палачинки за појадок, пробајте го овој лесен рецепт.

Потребни состојки:

3 јајца

50 гр брашно

200 мл свежо млеко

40 гр путер

1 лажиче шеќер



прстофат сол

120 гр џем / течно чоколадо / мед

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со брашното,шеќерот,солта,путерот и постепено додавајте го млекото. Истурете ја смесата во издолжена тава, загреана во рерна со масло. Печете во рерна на 170 степени, 10-15 минути. За време на печењето, палачинката се надува во меурчиња, што е сосема нормално. Треба да се здобие со апетитна златна боја.

Подготвената палачинка се сече на 6 еднакви парчиња, во кои се става по желба џем, течно чоколадо, мед, па се завиткува.

На здравје!