МУДРА ПРИКАЗНА ЗА ДВА ГУЛАБИ КРИЕ ГОЛЕМА ЖИВОТНА ВИСТИНА: СИТЕ ТРЕБА ДА ЈА НАУЧИМЕ ОВАА ЛЕКЦИЈА!

Два гулаби застанаа на гранката од дрвото и гледаа како разбојниците ја запалуваат куќата на еден чесен човек.

Еден гулаб веднаш долетал до реката, зграпчил вода колку што можел во клунот и долетал до куќата и истурил по оганот. Продолжил да го прави тоа уште многу пати иако, поради тоа што бил толку мал, немало никакви ефекти врз гасење на пожарот.

Другиот гулаб смирено го гледаше сето тоа и кога му здодеа, полета кај својот пријател.



Зошто го правиш тоа кога нема смисла? Само една капка вода може да собереш во клунот. Никогаш нема да го изгасиш огнот? Го праша гулабот.

Можеби не можам сам да го изгаснам огнот, но сакам да се знае на чија страна бев – одговорил гулабот и повторно долетал кон реката.