НАЈЕДНОСТАВНИОТ РЕЦЕПТ ЗА НАЈСЛАТКИТЕ МАКАРОНЕС КОЛАЧИ

Освен што се убави за око, тие се и многу вкусни, а она што ќе ве возбуди уште повеќе е дека нивната подготовка нема да потрае многу време.

Состојки:

  • 4 белки од јајца
  • 70 гр шеќер
  • 230 гр шеќер во прав
  • 120 гр мелени бадеми
  • Прстофат сол
  • прехрамбена боја

Состојки за фил:
3 жолчки
2 лажици шеќер
40 гр бело млечно чоколадо
45 гр путер

На пареа згответе ги жолчките, шеќерот и белото чоколадо па во оладениот фил изматете го путерот. Во филот можете да додадете и готварска боја по желба.

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 150 степени. Белките и шеќерот изматете ги со миксер додека не добиете цврста смеса. Потоа додадете ја бојата за храна и промешајте уште една минута.
  2. Мелените бадеми, шеќер во прав и сол двапати измешајте ги добро за да ги отстраните сите можни грутки. Постепено и внимателно комбинирајте со белките од јајцата. Смесата треба да биде мазна и густа, да не се разлева.
  3. Ставете хартија за печење во плехот, а потоа користете шприц за да ја обликувате смесата во мали топчиња. Печете 15-20 минути.
  4. За ова можете да користите џем или слатка павлака, шлаг или обична растопена чоколада наместо филот.

На здравје!