НИКОГАШ НЕ СТЕ ЈАДЕЛЕ ТОЛКУ ВКУСНА ТОРТА СО ДИЊА

За љубителите на летен десерт со диња.

Потребни состојки:

1 чаша брашно

1 чаша шеќер

1/2 чаша мелени ореви

2 јајца

1 пакетче путер

1 рендана кора од лимон

1 лажица кокос

1 кг диња исечкана на коцки

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете го стопениот и изладен путер и измешајте со миксер, постепено додавајќи го брашното.Потоа додадете ги ренданата кора од лимон и измешајте со мелените ореви.

Наредете ги коцките диња во тава со дебело дно и прелијте со подготвената смеса. Посипете со кокос и печете на умерена рерна (180 степени) околу 30 минути. Проверете со чепкалка за заби дали е добро испечена пред да ја извадите тортата.

Наздравје!