НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕТЕ ДОВОЛНИ ЗА НЕСИГУРЕН МАЖ

Никогаш нема да бидете доволни за некој што не ве цени. Некој што не ја препознава вредноста што му ја додавате на неговиот живот и видот на љубовта што сте подготвени да ја дадете. Никогаш нема да бидете доволни за некој што не сака да се обиде или вложи време и напор во вашата врска. Никогаш нема да бидете доволни за некој што не смета дека заслужувате време и внимание затоа што сака да оствари други цели.

Никогаш нема да бидете доволни за неодлучниот човек. За оној кој не е сигурен за вас. Некој кој секогаш ве споредува со другите, истражува или не сака да брза. Човекот кој бара замена за бившата или само жена со која ќе „убие време“.

Никогаш нема да бидете доволни за некој што не ве сфаќа сериозно, за некој што не мисли дека сте личност со која ќе градите иднина. Никогаш нема да бидете доволни за некој што не може да донесе одлука.



Никогаш нема да бидете доволни за човек кој го оправдува своето отсуство, недостаток на напор и рамнодушност. Никогаш нема да бидете доволни за некој што постојано заборава што сакате или што сте рекле. Оној на кого треба да го потсетувате за малите и големите работи. Никогаш нема да бидете доволни за некој што не знае да сака со искреност, страст и целосно убедување дека вредите секоја секунда и секоја минута.

Заслужувате некој за кој ќе бидете доволни , некој што ќе ве познава сигурно. Некој што ќе сака да се обиде, кој ќе и дава вистинска и фер шанса на вашата врска. Некој што ќе сака да се грижи за вас, кој е посветен на секое ветување и кој не ве тера постојано да се сомневате во себе.

Никогаш нема да бидете доволни за некој што едноставно не сака да ве сака…