Кога температурите надминуваат 30 степени, многу ни е полесно да јадеме лесна храна која не заситува без да ни го оптоварува стомакот. Направете салата од сезонски зеленчук и авокадо за оброк кој ќе ви даде енергија и ќе ве снабди со витамини, минерали и здрави масти. Еве рецепт за здрав оброк кој може да биде совршен ручек на работа или лесна вечера дома.
Состојки:
– 4 кришки интегрален леб
– 3 мали краставици
– 10 чери домати
– 1 авокадо
– половина главица црвен кромид
– грст семки од сончоглед
– маслиново масло
– сок од половина лимон
– сол, бибер
Подготовка:
Лебот се сече на парчиња и се пржи во тава. Посебно исечете ги краставиците на мали прстени, а доматите на половини. Додадете парчиња авокадо, ситно сечкан кромид и семки од сончоглед . Додадете маслиново масло по вкус и сок од лимон, сè добро измешајте и зачинете.