ОСВЕЖИТЕЛНА САЛАТА ОД КИНОА

Состојки:

  • 5 листа марула
  • 1 ротквица
  • 3 лажици варена киноа
  • 100 гр печен зеленчук ( боранија, моркови и брокула )
    За Сос:
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица балсамико
  • 1 лажиче мед

Подготовка:

  1. Зеленчукот го печам во Air Fryer со сол и мешан, сув зачин. За оваа салата го оставам да се излади. 2. Марулата и ротквицата ги сецкаме. Во длабок сад ги ставаме марулата, ротквицата и печениот зеленук. Ја додаваме изладената варената киноа. Посолуваме и ставаме малку маслиново масло.
  2. Во длабок сад ги ставаме сенфот, медот и балсамикото. Промешуваме. Сосот го ставаме врз салатата.

На здравје!