ОВИЕ 5 ТОКСИЧНИ МИСЛИ ВЕДНАШ ИЗВАДЕТЕ ГИ ОД ГЛАВАТА, ПРИВЛЕКУВААТ САМО НЕСРЕЌА

Еве 5 токсични мисли од кои треба да се ослободите , а секој од нас ги има барем еднаш:

  1. „Осамен сум“. – Понекогаш се чувствуваме осамено кога немаме партнер или ако поминуваме повеќе време сами. Важно е да научите да уживате во времето за себе и да не се чувствувате лошо поради тоа. Немојте веднаш да размислувате дали нешто не е во ред со вас. Наместо да ве обземат такви мисли, најдете активности во кои уживате додека сте сами.
  2. „Моето тело не е доволно убаво“. – Секојдневно сме изложени на идеалите за убавина поради кои често чувствуваме дека не сме доволно убави, витки, млади, стегнати… Фокусирајте се на се што сакате на вашето тело и бидете свесни дека ниту едно тело не е совршено. Колку повеќе го сакате и почитувате вашето тело, толку повеќе ќе зрачи со убавина.
  3. „Не заслужувам љубов“. – Понекогаш, поради сопствените трауми од минатото, сме убедени дека не заслужуваме љубов . Но, не заборавајте дека секое суштество на планетата ја заслужува таа прекрасна суштина на чувството. А вие заслужувате да бидете сакани максимално и безусловно. Прифатете ја љубовта од другите, а притоа не заборавајте да си ја понудите себеси.
  1. „Немам доволно пари“. – Во денешното општество парите играат голема улога. Ако сметате дека заработувате премалку, тајната не е нужно да почнете да заработувате повеќе, туку да започнете одговорно да управувате со вашите финансии . Наместо да бидете фрустрирани со вашите приходи, размислете кои се вашите приоритети и на кои области трошите премногу.
  2. „Животот не е фер“. – Секој предизвик, мака, лоши околности, сето тоа е дел од животот. Но, наместо да бидете незадоволни од несреќните настани, размислете што сте научиле од ситуацијата. Кои лекции ги научивте кои можат многу да ви значат во иднина? Не грижете се за работи над кои немате контрола, туку фокусирајте се на се што можете да направите за подобар живот.

Наместо наведените негативни, користете ги следните позитивни, афирмативни мисли. На тој начин ќе го вратите мирот, среќата, хармонијата и ќе живеете подобар и подобар живот.

  1. Уживам во мојата самотија.
  2. Моето тело е полно со убавина и го почитувам.
  3. Заслужувам вистинска и искрена љубов.
  4. Имам добри пари на располагање и тоа ми носи повеќе изобилство.
  5. Храбро се соочувам со сите препреки во животот и учам од нив.