Состојки:
- 2 чаши рендана тиквичка
- 1 чаша рендан компир
- 1 јајце
- 1 лажица сецкан магдонос
- 1 лажица рендана кора од лимон
- 1 лажицa лебни трошки
- 1 лажица путер
- 2 лажици павлака
- сол,зачин, бибер
Подготовка:
- Изренданите тиквички и компири оставете ги во вода најмалку половина час, исцедете ги добро и додадете сол.
- Изматете го јајцето, додадете магданосо и кора од лимон. Зачинете со бибер и сол по вкус.
- Измешајте ги тиквичките и компирот и додадете малку презла. Потоа додадете го изматеното јајце и измешајте сè добро.
- Загрејте ја тавата добро и додадете го путерот. Ставете лажица од смесата од тиквички на врел путер и израмнете со шпатула.
- Печете ги додека не добијат румена боја, а потоа свртете ги од другата страна.
- Послужете додека се уште топли со кисела павлака или сос по желба.
На здравје!