Палачинките од овес се здрава замена за традиционалните палачинки од брашно од пченица.
Овесот е поздрав и има посилно и поповолно дејство за здравјето од пченицата. Затоа, служи како добра замена за пченично брашно за секој што има нетолеранција на глутен.
Потребни состојки:
35 гр овесна каша (или мелено овесно брашно)
1 лажица ванила
¼ лажичка морско оревче
½ лажичка мелен цимет
1 прстофат сол
1 јајце + 2 белки или две јајца
Замрзнати бобинки
100% природен путер од кикирики
2 лажици какао во прав
1 лажица кокосово масло
1 лажица мед
- цимет за последно додавање
Начин на подготовка:
Измешајте ја во сад овесната каша, солта, јајцата и дополнителните белки. Со миксер добро изматете додека не се добие хомогена смеса.
Ставете малку масло во тава со дијаметар од 15 см. Свртете ја ринглата на средна температура. Кога ќе се загрее маслото, истурете две црпки од смесата во тавата и оставете ја околу една минута додека не почне да меури малку. Кога ќе се испече од едната страна, свртете ја на другата.
Направете го истото со остатокот од смесата. Оваа количина треба да биде доволна за 6-7 палачинки.
Добра идеја е да ги засукате откако ќе ги извадите од тавата за да останат топли.
Кога сите се подготвени, премачкајте ги со путер од кикирики и посипете ги со цимет во прав.
Подгответе го чоколадниот сируп мешајќи го кокосовото масло, какаото и медот и нанесете го на палачинките. На крај, додадете го замрзнатото овошје.
На здравје!