ПАШТЕТА ОД ПЕЧУРКИ

Состојки:
25 парчиња печурки (сушени по избор)
300 мл. вода – врела
2 глави кромид
30 гр. путер
3 чешниња ситно исецкан лук
150 гр. крем сирење
250 гр. свежи печурки
2 гранчиња свежа мајчина душица
црн бибер
сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
За да започнеме со подготовка на паштетата од печурки, започнуваме со главниот производ.

Натопете ги исушените печурки во врела вода и почекајте да омекнат.

Стопете го путерот во тава и додадете го кромидот, чешнињата лук, сецканите свежи печурки и мајчина душица.

Сето ова зачинете го со сол и бибер по ваш вкус. Откако ќе се издинстаат состојките додадете ги претходно исцедените суви печурки.

Гответе додека течноста не се намали и потоа тргнете ја од оган.

Оставете да се излади и потоа додадете го крем сирењето.

Потоа измелете ги сите состојки.

Ставете ја готовата домашна паштета во херметички тегли.

На здравје!