Потребни состојки:
2 кг компири, средна големина
4 лажици путер
1 глава лук
сол и бибер по вкус
1/2 свежа жалфија
Начин на подготовка:
Излупете ги компирите, исечети ги на парчиња и варете ги во солена вода 10 минути.
Исцедете ги од водата со сито и оставете ги да се исцедат 2 минути.
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Ставете путер на дното од тавата, а потоа наредете компири одозгора, сол и бибер. Печете ги 30 минути додека не добијат светло златна боја.
Извадете ги, додадете го лукот, жалфијата, истурете малку маслиново масло и вратете ги во рерна уште 10 минути.
На здравје!