Вкусен рецепт за љубителите на печурки.
Потребни состојки за 5 порции:
700 гр свежи печурки
100 гр путер
50 мл масло
150 гр сирење
4 јајца
200 гр кромид
100 мл свежо млеко
100 гр кашкавал
сол по вкус
1/2 китка магдонос
Начин на подготовка:
По миењето и чистењето, печурките се сечат на парчиња и се подваруваат во малку солена вода, а кромидот, ситно сецкан, се пропржува одделно во масло. Измешајте и додадете го сирењето, 2 јајца, 50 мл свежо млеко, ситно сецкан магдонос и сол.
Истурете го садот во тава и истурете го преостанатото млеко во кое се изматени другите 2 јајца. Покријте со парчиња од преостанатиот путер и изрендајте кашкавал.
Печете во средно загреана рерна околу 30 минути.
На здравје!