Состојки:
- 600 гр. пилешки гради
- 1 праз
- 250 гр. тестенини
- 70 гр. ајвар
- 100 гр. сирење
- 50 гр. маслинки
- 3 јајца
- 400 мл. павлака
- сол и црн бибер
Подготовка:
Исечкајте го празот и додадете го месото, на крај додадете ги маслинките. Гответе ги тестенините истовремено. Кога сè е готово, процедете ги и измешајте ги тестенините и месото и ставете ги во подмачкана тава ос масло.
Измешајте половина од павлаката, јајцата и ренданото сирење. Истурете го тестото, промешајте и ставете го во рерна да се пече на 200 степени целзиусови- 30-35 минути.
Извадете ја и истурете ја мешавината од ајвар и павлака. Печете уште 5 минути.
На здравје!