ПИЦА-КИФЛИЧКИ

Состојки:

  • 650гр. брашно
  • 20гр. свеж квасец
  • на врвот од лажичката малку шеќер
  • 300мл. млако млеко
  • 50мл. јогурт
  • 50мл. масло
  • 1 лажица сол

Состојки за филот:

  • кечап
  • оригано
  • рендана салама
  • рендано сирење
  • малку моцарела

Подготовка: Активирајте го квасецот, потоа додадете ги сите состојки и замесете тесто. Кога ќе порасне, расукајте го и исечете ги облиците на кругови. Наполнете ги круговите со филот и преклопете. Затворете ги рабовите и направете ленти со вилушка. Премачкајте со жолчка и посипете со сусам. Печете на 180 степени околу 20 минути.

На здравје!