Состојки:
– 500 гр. пилешки џигерчиња
– 1 кромид
– 2 пиперки
– 150 гр. печурки
– 3 лажици масло
– 100 гр. путер
– 2 кисели краставички
– 3 домати
– сол
– бибер
Подготовка:
Исчистете ги џигерчињата, измијте ги, ставете сол и бибер и ставете ги да се пржат во путерот. Исечете ги кромидот, печурките, пиперките и киселите крставички и ставете ги во џигерчињата да се испржат. На крај додадете ги доматите (рендани) и оставете го јадењето на оган се до негова готовност или се додека течноста не се намали на половина.
На здравје!