ПИЛЕШКО СО ДОМАТИ И МАСЛИНКИ

Потребни состојки:

600 грама пилешко месо

150 грама маслинки каламата

600 грама рендан домат

1 чешне лук

1 лажиче босилек

1 лажиче оригано

1 ловоров лист

прстофат рузмарин

3 лажици маслиново масло

Подготовка:

Загрејте го лукот во загреано маслиново масло и потоа додадете го исеченото пилешко.

Малку пржете, а потоа додадете ги маслинките и ловоровиот лист.

Добро измешајте, додадете ги ренданите домати, зачини и малку сол.

Оставете на оган да се крчка додека доматите не се згуснат, мешајќи повремено.

На здравје!