ПИЛЕШКО СО КАШКАВАЛ И ПЕЧУРКИ

Погледнете како да го подготвите овој вкусен рецепт:

Потребни состојки:

Пилешко месо (околу 1 кг)

125 гр путер

100 гр печурки

200 гр кашкавал

4 јајца

2 чаши брашно

црн бибер и сол по вкус

Начин на подготовка:

Исчистеното и измиено пилешко се вари во солена вода, се остава да се излади, и се сече на ленти.

Испржете го брашното во 1/2 од путерот и разредете со 2 чаши вода. На добиениот сос, додадете го сецканото месо.Потоа измешајте ги следните состојки ренданиот кашкавал, печурките, путерот, жолчките, биберот и солта по вкус и додадете ги.

На крај, со лесно мешање, додадете ги изматените белки. Истурете ја смесата во тава намастена со преостанатото масло и попрскана со брашно и печете ја на умерена температура додека не порумени.

На здравје!