ПИРОШКИ ОД КОМПИРИ И ПЕЧУРКИ

СОСТОЈКИ:
-1 кг. компир
– 30 гр. маргарин
– 2 јајца
-2 лажици масло
– 1 лажица масло
– 1 жолчка
– 350 гр. печурки
– 1 главици кромид
– 30 гр. маргарин
– малку магдонос и 1 лажица масло

ПОДГОТОВКА:
Излупете го и исечете го компирот на коцки, па ставете го да се вари. Исечете го кромидот испржете го на масло со печурките заедно исечени на ситно. Ставете зачини и магдонос.
Испасирајте го компирот и ставете сол и маргарин, јајца и брашно, па убаво измешајте.
Откако ќе се излади смесата обликувајте кори и наредете ги на брашно.
Ставете малку фил со печурки на секоја , и премачкајте со млеко и жолчка. Обликувајте ги корите во вид на пирошки.
Ставете ги да се печат на 180 степени додека не поруменат убаво.

На здравје!