ПИТА СО СТАР ЛЕБ, СПАНАЌ И ФЕТА СИРЕЊЕ! (ВИДЕО)

Состојки:

  • неколку парчиња застоен леб
  • 4 јајца
  • 30 мл масло
  • 1 чаша јогурт (180 гр.)
  • малку спанаќ
  • Сирење фета

Подготовка:



Изматете ги јајцата, па додадете масло, јогурт, сол, бибер и одмрзнат спанаќ.
Мешајте со жица по секое додавање.
Подмачкајте ја тавата, наредете го лебот на дното (покријте ја целата тава) и прелијте ја со мешавината на јајца.
Ставете ги парчињата фета и печете во рерна на 180 целзиусови околу 25 минути.
Извадете ја питата, изрендајте го сирењето и вратете да се пече уште 5 минути.