Состојки:
5-6 тиквички
3 јајца
150 гр кравјо сирење
3 лажици густ јогурт
3 лажици брашно
китка магдонос
црн бибер
сол
50 гр путер
150 гр кашкавал по желба
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Излупете ги, измијте ги и изрендајте ги тиквичките во цедалка обложена со длабока чинија под неа.
Посипете со сол, промешајте и оставете да се исцеди.
Во сад, изматете ги јајцата, изгмечете го сирењето со вилушка, ставете 3 лажици јогурт и брашно и исечканиот магдонос.
Посипете со црн бибер и малку сол и добро промешајте.
Исцедете ги ренданите тиквички со рака и ставете ги во смесата.
Истурете го во тава и израмнете. Печете ја питата 50 минути додека не порумени.
Ставете неколку грутки путер на површината да се стопат и на крај посипете со рендан кашкавал, по желба, колку да се стопи.
На здравје!