ПИВСКИ ГРИЦКИ СО СУСАМ И СОНЧОГЛЕД

Состојки:
500 г брашно
250 мл пиво
250 мл масло
1 лажиче сол
200 г потпечен сусам
200 г потпечен сончоглед
1/2 лажиче пециво

Подготовка:
Замесете тесто од сите состојки, сосема кратко колку да се соединат состојките. Оформете топка па раширете кора дебела 5-6 мм со помош на сукало. Сечете фигури со помош на чаша или калапчиња по ваш избор. Редете ги едно до друго на тава обложена со хартија за печење, нема потреба да оставате простор.

Печете 20 мин на 200 степени или додека не почнат да се заруменуваат.

На здравје!