ПОДГОТВИ СЕ ДА ГИ СРЕТНЕШ ТИЕ ЛЕКЦИИТЕ…

Драга моја, кога одиш некаде, биди подготвена да сретнеш многумина. Не мора да е пат, ама нека е патување.
Работа, семејство, пријатели и слични животни потреби.
Подготви се да ги сретнеш тие лекциите. Ќе посакаш да не си ги сретнала, ќе сакаш да си заминат.
Ама така немаше да научиш ништо.
И ќе си заминат токму тогаш кога ќе ја научиш лекцијата.
Или едноставно кога ќе те однесат од точка А до точка Б.
За да бидеш поблиску до целта.
Подготви се и за тие со големите срца.
Ох, толку ќе им се сомневаш.
Зарем постојат такви уште, ќе се прашуваш.
Зарем јас сум го привлекла, ќе си повторуваш.
Драга моја, подготви се за сите и немој да се каеш за никого.
Универзумот те слуша кога разговараш сама со себе.
Те подготвува.
Знае кое срце-планина го имаш во тебе.
Ќе те подудри.
Ќе те поткрене.
Ќе те погали, па пак истото.
Како дете кога расте, кога паѓа.
Ама тоа кога ќе падне, се смее.
Така и ти насмеј се.
Сè е во совршен ред.

Автор: Марија Лозаноска

Писателката од Лозана