Ако обожавате кашкавал, треба да го пробате овој рецепт. Во смесата има пиво, па затоа ваквиот кашкавал е идеален за предјадење. Послужете со свежа салата или компири.
Потребни сосотојки:
350 грама кашкавал
1 лажичка масло
2 јајца
3 лажици брашно
1 лажица пиво
сенф, бибер и сол по вкус
Начин на подготовка:
Исечете го кашкавалот на правоаголни парчиња долги приближно 7 см и ширина 2 см. Посипете со црн бибер. Од пивото, брашното, солта, сенфот и изматените жолчки се подготвува кашеста маса, која внимателно се меша со изматените белки.
Потопете ги парчињата кашкавал во смесата со јајца и пржете додека не заруменат во врелото масло.
Ставете ги на кујнска хартија неколку минути за да се впијат несаканите маснотии. Послужете додека е сè уште топло.
На здравје!