Состојки:
3 компири
1 страк праз
50-100 гр сирење
1 мл пециво
по потреба брашно
по вкус сол, мешан сув зачин
За поховање
1 јајце
по потреба лебни трошки
за пржење – масло
Компирите сварете ги, па изгмечете ги со лажица за пире. Посолете ги и додадете мешан сув зачин.
Празот измијте го и исецкајте го ситно па додадете го кај пирето од компири.
Сирењето издробете го со вилушка или изрендајте го, и него додадете го кај компирите и празот.
Додадете 1 мл пециво и формирајте бомбици. Доколку смесата не е доволно компактна за формирање на бомбици, додадете малку брашно.
Вака оформените топчиња ги поховаме прво во јајцето, па во лебните трошки.
Пржете во загреано масло на средна температура, превртувате и од другата страна убаво да се испржат.
Извадете ги врз хартиена салфета.
На здравје!