Ова јадење се подготвува многу брзо и лесно, и е исклучително вкусно!
Потребни состојки:
2 средни тиквички
4 варени јајца
китка свеж кромид-сецкан
сол по вкус
кашкавал
Начин на подготовка:
Исечете ги тиквичките на половина и ставете ги на хартија за печење. Додадете малку масло – маслиново масло или путер.Печете на 180 степени околу 30 минути да поруменат.
Потоа со лажица внимателно излупете ја внатрешноста на тиквичките. Најдобро е прво да го отстраните горниот слој со семиња. Потоа издлабете го другиот дел што се користи за полнење. Добро изгмечете ги јајцата, додадете врежан дел од тиквички,кромидот. Додадете сол по вкус. Се полни со мешавината од јајцата. Одозгора изрендајте кашкавал. На крајот, печете само одозгора.