ПОСНА КРЕМ СУПА ОД КАРФИОЛ!

Ви претставуваме рецепт за посна супа од карфиол, со миризливи зачини. Не содржи храна од животинско потекло, а можете да ја подготвите во денови кога е дозволено да се користи масло во подготовка на храна.

Состојки:

главица карфиол
четири компири
две главици кромид
три чешниња лук
литар супа од коцки од зеленчук
Кари во прав
мелени лути пиперки
сол, бибер
маслиново масло

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 200 степени. Исчистете го карфиолот, одделете го, ставете го во плех за печење и печете додека не порумени убаво и стане мек. Во меѓувреме, пропржете го ситно исечканиот кромид на маслиново масло, излупете го компирот и исечете го на коцки.

Додадете сецкан лук, па зачини – лажичка кари, прстофат на лута мелена пиперка. Истурете околу два децилитри супа, потоа додадете ги компирите и оставете да зоврие. Истурете го остатокот од супата и додадете го печениот карфиол.

Кога компирот е готов, изблендирајте ја супата до саканата густина, а потоа зачинете со сол и црн бибер.

На здравје!